четврток, октомври 1, 2026
Дома СВЕТ Строги правила: Забрането отпуштање работници врз основа на одлука на вештачка интелигенција

Строги правила: Забрането отпуштање работници врз основа на одлука на вештачка интелигенција

0

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Гевин Њусом, денеска потпиша закони со кои работниците се штитат од потенцијалните последици од употребата на вештачката интелигенција (ВИ), вклучувајќи го губењето на работните места и надзорот на работното место, како и извршна наредба со која на државните агенции им се наложува да продолжат да го користат терминот „вештачка интелигенција“.

Со новите закони на работодавачите им се забранува користење на ВИ за предвидување на емоционалната состојба на вработените врз основа на биометриски податоци, додека компаниите се обврзани на работниците во пишана форма да им најават масовни отпуштања доколку во нивното спроведување е користена вештачка интелигенција.

Исто така, наведува „Гардијан“, забрането е одлуката за отпуштање на вработен да се донесува исклучиво врз основа на систем на ВИ.

„ВИ треба да ги проширува можностите, а не да биде на штета на работниците и семејствата. Додека оваа технологија го менува работното опкружување, Калифорнија ги става луѓето во прв план“, изјави Њусом во соопштението.

Њусом во септември годинава потпиша и закон со кој од операторите на чет-ботови со ВИ се бара да спроведат проценка на ризикот пред нивното воведување, како и извршна наредба со која на државните институции им се наложува да се консултираат со експерти со цел унапредување на надзорот над таа индустрија, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ