понеделник, октомври 19, 2026
Дома СВЕТ Стотици училишта во Велика Британија добиле пораки со закани за бомби, со...

Стотици училишта во Велика Британија добиле пораки со закани за бомби, со потпис „Алаху акбар“: Полицијата покрена итна истрага

26

Полицијата во Северна Ирска и Шкотска истражува заканувачки електронски пораки испратени до стотици училишта, за кои се верува дека се лажни.

Министерот за образование во Стормонт изјави дека училиштата во Северна Ирска добиле закани за поставени бомби, но дека тие не се сметаат за веродостојни. Полициската служба на Северна Ирска (PSNI) соопшти дека дури 300 училишта добиле идентична електронска порака со општа закана, која потекнува од надвор од Обединетото Кралство, пренесе „Скај њуз“ (Sky News).

„Се верува дека слични пораки добиле и некои училишта низ Обединетото Кралство“, додадоа тие за „Скај њуз“.

Шкотската полиција соопшти дека е запознаена со заканувачките пораки испратени до бројни училишта низ земјата и дека ги третира како лажни.

Според достапните информации, некои училишта во областа на Глазгов биле евакуирани во понеделникот наутро, но во меѓувреме повторно се отворени. Шкотската влада соопшти дека е информирана за овие лажни закани.

Осврнувајќи се на заканите во Северна Ирска, министерот за образование во Стормонт, Пол Гиван, изјави: „Ми се чини дека пораките доаѓаат од исламисти кои се закануваат дека ќе воведат шеријатски закон во нашата земја“, додавајќи дека пораките биле потпишани со „Алаху Акбар“.

Тој го осуди попречувањето на образованието на младите, откако голем број училишта беа затворени поради закани примени преку официјалните канали за комуникација. Полициската служба на Северна Ирска соопшти дека спроведува „итна истрага“ и дека е во контакт со погодените училишта.

ИЗДВОЕНИ