четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стојанче индирекно го обвини Мартин Саздов за самоубиството на Ивана и смртта...

Стојанче индирекно го обвини Мартин Саздов за самоубиството на Ивана и смртта на Катја

404

Во продолжение од судењето за трагичната смрт на Ивана Јовановска и нејзината ќерка Катја, одбрана даде обвинетиот сопруг и татко Стојанче Јовановски. Вината за самоубиството на жената индирекно му ја препиша на Мартин Саздов. Вели дека тој ја удирал во автомобилот и еднаш ја онесвестил, а таа се откажала од полициската пријава бидејќи се плашела од заканите на Саздов.

“Мартин и кажа – види какво детенце имаш, нели ти е жал да го изгубиш. Јас да сум на твое место подобро би се убил отколку ова да го правам”, кажа Стојанче.

Потоа рече дека Ивана инсистирала сама да се качи со детето во станот, но се качиле сите заедно.

“Ми се вратија мислите за тоа што ми ја подметнаа дрогата, Мартин негираше и ме влечеше со сила да излезам од станот. Се спротивставував, а Катја се вознемири и излегов. Се симнавме јас и Мартин, а Ивана ми звонела ,не и се јавив, па му звонела на Мартин и му кажала да се јавам со вклучена камера. Се јавив беше со Катја во раце облечена во лилијаков0 џемперче и викнав, и тргнав кон влезот по што слушнав силен тресок, низ плачење зборуваше обвинетиот.

”Мартин почна да вика Ивана падна, се вознемирив излегов на булеварот и се фрлив пред еден автомобил и повикав помош. Ме смируваа полицајците, ми викаа дека се добри, кажа обвинетиот.

На прашање на одбраната кажа дека идејата да се земе детето од школо била на Саздов. (П.А.)

Весникот Вечер нема да објави детали од неговото сведочење за приватните детали од животот на жртвата.

ИЗДВОЕНИ