четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Русите клекнуваат само кога ги врзуваат врвките на чевлите, вели Фицо

Русите клекнуваат само кога ги врзуваат врвките на чевлите, вели Фицо

179
EPA/ZUZANA GOGOVA

Политиката на Брисел да ја клекне Русија на колена е погрешна и непродуктивна, бидејќи Русите клекнуваат само кога ги врзуваат врвките на чевлите, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

– Тоа е проблемот, се создава некаква стратегија за да се клекне Русија на колена. Мислам дека тоа е лоша и нефункционална стратегија, бидејќи тоа не може да се случи – наведе Фицо во видео порака на платформата X.

Тој нагласи дека, од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, во медиумите циркулираат лажни вести за наводното клекнување на Москва на колена, пренесува Срна.

– Русите сакаат да кажат: кога клекнуваме, тоа е затоа што ги врзуваме врвките на чевлите, а не затоа што некој ни наредил – додаде словачкиот премиер.

ИЗДВОЕНИ