среда, јули 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и...

Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

43

Стевче Јакимовски денеска доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, објави попладнево партијата ГРОМ. Во соопштението на опозициската партија чиј лидер е Јакимовски се наведува дека разочарани од целиот судски кој резултираше со изрекнувањето на затворската казна. Казната ќе ја издржува во затворот во Шуто Оризари.

Познато е, Јакимовски беше осуден на затворската казна од година дена во случајот кој што се однесуваше на изградбата на општинската зграда на Општина Карпош. Тој претходно поминал нешто повеќе пет месеци во домашен притвор кои што му се пресметани како отслужување на казната. Тој неодамна на 12 јуни  побара одлагање почетокот на издржувањето на затворската казна кое требаше да започне на 2-ри јули, а што му беше прифатено.

Од партијата ГРОМ наведуваат дека ова е единствениот случај во кој ќе се издржува затворска казна за изммислено кривично дело.

-Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош – се наведува во соопштението.

Се додава дека на случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт.

-Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права – нагласуваат од ГРОМ. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ