четврток, септември 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ставен под контрола пожарот кај село Грачани

Ставен под контрола пожарот кај село Грачани

0

Два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево дејствуваат над селото Грачани во чија близина вчера навлезе пожар кој избувна на косовската страна од границата.

Ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Тој вели дека пожарот се приближил и преставува закана за селото, но се надева дека пожарникарите кои се распоредени на местото, со помош на „ер тракторите“ ќе успеат да ја пресечат огнената линија, која е долга повеќе од пет километри.

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја.

ИЗДВОЕНИ