Старото спортско игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

85

Во срцето на Ново Лисиче започна реконструкцијата на постојното игралиште, кое ќе биде првото мултифункционално на територијата на Општина Аеродром. На него, покрај фудбал и кошарка, ќе може да се игра и тенис.

Станува збор за игралиште што ќе биде целосно реконструирано првпат од неговата изградба пред неколку децении. Игралиштето ќе добие сертифицирана мултифункционална подлога, за безбедна игра и спортување. Она што е ново е тоа што подлогата е соодветна и за играње тенис, со што аеродромци првпат ќе добијат современо спортско игралиште со јавни тениски терени, кои со поставувањето специјални мрежи ќе може да се приспособуваат според потребите на граѓаните.

– Аеродром е познат како општина каде што владее врвен спортски дух и токму во тој правец ќе продолжиме да создаваме уште подобри услови за развој на спортот во секој нејзин дел – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ