Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

70

„Коалицијата на волните“ изработи детални планови за зајакнување на одбранбените способности на Украина, кои вклучуваат и потенцијално распоредување странски сили на украинска територија доколку се укаже потреба за тоа, потврди британскиот премиер, Кир Стармер.

Оваа иницијатива е резултат на политички и на воени процеси насочени кон обезбедување воздушна, поморска и копнена безбедност, пишува порталот НВ.

Иако плановите предвидуваат можност за испраќање воен персонал во Украина, Стармер нагласи дека тоа не е моментален приоритет.

– Но, во овој момент, приоритетот е дали можеме да постигнеме праведен и траен мир – истакна тој.

Според пишувањето на „Волстрит џрнал“, планот што го разви европската воена команда предвидува создавање две посебни копнени единици. Од друга страна, рускиот претседател, Владимир Путин, се закани дека Русија ќе ги смета сите странски војници на украинска територија за „легитимни цели“.

 

ИЗДВОЕНИ