Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Утринските температури ќе продолжат да се спуштаат под нулата, но преку ден ќе биде сончево и со температури до 15 степени.
Сончево ќе биде и за време на викендот, како и деновите после него, со невобичаено високи температури за овој период од годината.
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.












