Од ССМ за утре најавија: Излегуваме на првомајски протест за зголемување на платите

26

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска го најави утрешниот протест, кој со почеток во 11 часот ќе се одвива од Собранието преку Стопанската Комора, со завршување пред зградата на Владата, за да побараат зголемување на минималната плата, како и за зголемување на останатите плати.

Протестот е начин на 1 Мај да изразиме незадоволство од висината на платите на работниците во Македонија кои се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите кои му мислат добро на работникот, во текот на утрешниот ден да ни се приклучат на протестот, изјави првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов за утрешниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Со барање за минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати за сите вработени за 100 еврапла, утре ССМ во 11 часот излегува на протест, потврди тој.

На Меѓународниот ден на трудот, синдикатот ги повикува сите работници кои сакаат подобри услови и подобра егзистенција, да им се приклучат на протестот.

Трендафилов жали што дел од другите синдикални здруженија прават штета и „кога синдикалци поддржуваат владини политики, тоа секогаш е на штета на работниците“. Критикуваше дека другите синдикати слават Први мај на 30-ти април.

ИЗДВОЕНИ