петок, јули 3, 2026
Дома БАЛКАН Српски државјанин е осомничен за кражба на виолина вредна 27.000 евра во...

Српски државјанин е осомничен за кражба на виолина вредна 27.000 евра во Виена

16
Фото:википедија

Српски државјанин, вработен во компанија за чистење возови на главната железничка станица во Виена, е осомничен за злоупотреба на виолина вредна околу 27.000 евра што еден патник ја заборавил во возот, објавува австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF.

Според полицијата, 59-годишната сопственичка сфатила дека го заборавила инструментот откако излегла од возот и веднаш пријавила дека е исчезнат.

Истрагата утврди дека 24-годишен српски државјанин, кој работел на чистење на композицијата, ја пронашол виолината, но не ја предал на службата за изгубено-најдено.

Наместо тоа, тој се обидел да ја утврди нејзината вредност и да организира продажба.

Австриската полиција соопшти дека во случајот е вклучен и 23-годишен австриски државјанин и дека истражителите се сомневаат дека тој помогнал во обидот за продажба на инструментот.

Двајцата мажи беа уапсени, го признаа делото за време на испрашувањето и беа обвинети за тешка кражба и прикривање на украден имот.

Виолината во меѓувреме ѝ е вратена на сопственичката.

ИЗДВОЕНИ