Голем кошаркарски скандал го тресе Бразил. Два натпревари од националното првенство се под истрага поради сомневања за наместени натпревари, а во аферата се вклучени и српски кошаркари, тренери и финансиерот на клубот Рио Кларо, Светозар Поповиќ.

Бразилските медиуми објавуваат дека ФИБА започнала истрага за сомнителни резултати во натпреварите од Рио Кларо. Светската кошаркарска управа е информирана дека станува збор за натпревари на кои биле исплатени големи суми пари во обложувалниците.

Станува збор за натпреварите Рио Кларо – Ботафого, кои Ботафого ги доби со 74:61, а огромни облози биле ставени на „минус“ (лимит од 160 поени). Рио Кларо го загуби и вториот контроверзен натпревар од Сао Хозе со 95:64, при што е евидентиран голем број плаќања за поразот на Рио Кларо со разлика од повеќе од 15 поени.

Администрацијата на националната лига потврди дека, веднаш по извештајот, ја информирала полицијата на сојузната држава Сао Паоло, како и министерствата за правда, финансии и спорт, како и Кошаркарската федерација.

Први на удар на последиците од оваа афера беа луѓе од Србија. Прво, 38-годишниот Светозар Поповиќ, кој во тоа време беше финансиер на Рио Кларo, а остана и без виза за престој.

Поповиќ во клубот го донесе плејмејкерот Марко Рикал, кој има државјанство на Босна и Херцеговина, потоа бекот Немања Симовиќ, а пред два месеца на клупата беше поставен тренерот Слободан Николиќ. Сите беа отпуштени.

Факт е дека најголемото местење на натпревари во последно време се случува на Балканот, а изминатиот период и Македонија беше дел од такви сценарија. Најтазе е случајот со фудбалскиот меч Кожув – Башкими, кој е предмет на истражување.

ИЗДВОЕНИ