Велес е шестиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на „Плазма –Спортските игри за млади“. Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во шест дисциплини: кока-кола кап 2011, футсал 2015, ракомет во женска конкуренција, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања.

Велес уште еднаш покажа дека „Плазма – Спортските игри за млади“ се дополнителен мотив овој град и во иднина да создава нови шампиони и да продолжи да пишува успешни спортски приказни.

„Плазма – Спортските игри за млади“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, по првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари, следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17 – 22 август), каде што ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

„Плазма – Спортските игри за млади“ беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Велес. Спортските игри за млади продолжуваат утре во Кавадарци.

ИЗДВОЕНИ