сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Спортски терени во Карпош осветлени до 22 часот

Спортски терени во Карпош осветлени до 22 часот

101

Од Општина Карпош информираат дека од денеска рефлекторите на сите спортски терени во Општина Карпош работат до 22 часот, секој ден, за да можат младите да се рекреираат и во вечерните часови.

-Во исто време, апелираме, пред се до помладите сограѓани, да се однесуваат примерно на јавните површини, да не го нарушуваат мирот и потребата за одмор на своите соседи, да се однесуваат општествено одговорно кон поставената урбана опрема, како и кон опремата наменета за спорт и рекреација, како на спортските игралишта, така и на детските игралишта, но и на останатите јавни површини.

 

ИЗДВОЕНИ