Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се во тек, а на фотографиите од оваа средба, еден детаљ го привлече вниманието на будното око на јавноста.
Имено, на сите слики Путин задоволно се смешка.
Интересно е што состанокот започна во добро расположение.
– Мило ми е што ве гледам. Успеавте да се прошетате низ градот – Путин ја поздрави американската делегација на почетокот од состанокот, додавајќи дека московските власти со право се горди на она што го направиле за развојот на руската престолнина.
– Имавме прекрасна прошетка. Градот е неверојатен – му одговори Виткоф на рускиот претседател.
Да потсетиме дека, покрај Путин, во руската делегација се и двајца негови советници, Кирил Дмитриев и Јуриј Ушаков.
Се очекува американската делегација да му го претстави на Путин ревидираниот мировен план, кој е намален од 28 на 19 точки, а состанокот во Москва се одржува по две недели интензивна дипломатија во врска со планот на Трамп, вклучувајќи две рунди преговори меѓу САД и Украина.
Путин претходно оцени дека првичниот американски план може да послужи како основа за преговори, но посочи дека нема да прави компромиси во врска со своите позиции.

The meeting between Special Envoy Steve Witkoff, Jared Kushner, and Putin has started in the Kremlin.
Dmitriev and Putin’s aide Ushakov are also present. https://t.co/3EnTnH9059 pic.twitter.com/dIH15WRB6R
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 2, 2025












