сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Сообраќана несреќа во јужна Чешка: Во судир на два автобуси се повредени...

Сообраќана несреќа во јужна Чешка: Во судир на два автобуси се повредени 40 лица – причините за инциденот се уште не се познати

24

Во директен судир меѓу два автобуса во близина на градот Знојмо на југот на Чешка утрово беа повредени 40 лица, од кои девет се здобија со сериозни повреди.

Спасувачката служба објави дека челниот судир меѓу два регионални автобуси се случил од сè уште непознати причини, во сончево време, на сув пат меѓу Знојмо и Брно.

„На местото на несреќата им пруживме помош на 30 лица со полесни повреди, девет се здобија со умерени и сериозни повреди. Спасувачката служба го активираше таканаречениот план за траума и ги информираше болниците дека носат голем број повредени лица“, изјави Михаела Ботова, портпаролка на локалната служба за итна помош.

Блиската Австрија веднаш понуди помош, но чешките спасувачи и службата за итна помош проценија дека 13 екипи на чешките служби за итни случаи, вклучувајќи хеликоптери, се доволни, објави „Бета“.

ИЗДВОЕНИ