Најмалку осум лица загинаа, а 34 се водат како исчезнати по одрон на земјиште во градот Чонгкинг, во југозападна Кина, објави кинеската државна телевизија CCTV.
Спасувачките екипи сè уште бараа преживеани денес.
Свлечиштето се случи во петок наутро во округот Пенгшуи, кога огромни количини камења и почва се срушија по ридот, закопувајќи повеќе од 10 станбени згради.
Десет лица беа спасени и однесени во болница, додека повеќе од 1.100 лица беа евакуирани, пренесе „Бета“.












