недела, октомври 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сончево со мала до умерена облачност – трендот на стабилно време со...

Сончево со мала до умерена облачност – трендот на стабилно време со сончеви прериоди продолжува до среда

0

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата, минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, додека максималната ќе биде од 12 до 23 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а во текот на денот максималната ќе достигне до 21 степен.

Стабилно време до средината на следната седмица

Сончевото време ќе продолжи и во наредните денови, па до средината на следната седмица ќе преовладуваат сончеви периоди со мала локална облачност во текот на денот.

Промена на временските услови се очекува во среда, кога облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со повремени краткотрајни сончеви периоди.

Позначителна промена се најавува за четврток и петок, кога ќе преовладува претежно облачно време, проследено со врнежи од дожд

ИЗДВОЕНИ