среда, октомври 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сончево време, но со силен ветер, на крајот на неделата слаб снег!

Сончево време, но со силен ветер, на крајот на неделата слаб снег!

36

Сончево време со мала до умерена облачност, но и засилен северозападен ветер – нè очекува утре. Според прогнозата, ветерот ќе биде поизразен долж Повардарието, каде што повремено ќе дува умерено до засилено.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и претежно стабилно време. Исклучок ќе биде петок, кога се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од слаб снег.

Во однос на ветерот, утре се очекува тој да биде засилен до силен и да дува од северозападен правец. Од петок, па сè до крајот на прогнозираниот период, ветерот ќе ослабне и ќе биде слаб до умерен, но и понатаму ќе биде поизразен долж Повардарието.

И покрај повремената облачност и засилениот ветер, во најголем дел од периодот ќе преовладува стабилно време, со можност за краткотрајни локални врнежи во петок.

ИЗДВОЕНИ