среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ Со погребот на Али Хамнеи во Иран заврши ерата на ајатоласите, сега...

Со погребот на Али Хамнеи во Иран заврши ерата на ајатоласите, сега одлучуваат безбедносните сили и гардата

29
epa13082191 Religious leaders pay their respects beside the coffin of late Iranian Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei and other coffins before his state funeral at the Imam Khomeini Mosalla Grand Mosque in Tehran, Iran, 03 July 2026. Iran is set to hold a multi-day state funeral from 04 to 09 July for Khamenei, who was killed in a joint US and Israeli airstrike on 28 February. EPA/ABEDIN TAHERKENAREH RESTRICTIONS: NO Access Israel Media/Persian Language TV Stations Outside Iran/Strictly No Access BBC Persian/VOA Persian/Manoto TV/Iran International TV. (As mandated by Iran's Directorate General for Foreign Media) --

Во текот на изминатите 37 години, влијанието на верските власти и на шиитските религиозни училишта врз клучните политички одлуки постепено се намалува. Нивното место го заземаат безбедносните институции, канцеларијата на врховниот лидер и политичките и воените мрежи поврзани со него. Во ескалацијата на конфликтот со САД, Револуционерната гарда има клучна улога, а војната дополнително ја зајакна нејзината самодоверба

 

Покојниот лидер на Иран, Али Хамнеи, го преобликуваше системот на моќ во Исламската Република, давајќи им значење на безбедносниот апарат и на Револуционерната гарда. Сега тоа би можело да биде на штета на неговиот син и наследник.

По неодамнешната повеќедневна комеморација за ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на 28 февруари во американските и израелските напади, во Иран почнува нов политички период. Со неговиот погреб заврши ерата на ајатоласите. Него го наследи неговиот втор син Моџтаба Хамнеи, кој стана третиот врховен лидер на Исламската Република од револуцијата во 1979 година, но сега таа позиција е значително различна од замислената пред речиси половина век, пишува „Дојче веле“. Според експертот за Иран и политички аналитичар, Реза Талеби, Али Хамнеи, постепено, од темел ги сменил структурите на моќ во Исламската Република. Во текот на изминатите 37 години, влијанието на верските власти и на шиитските религиозни училишта врз клучните политички одлуки постепено се намалуваше. Нивното место го зазедоа безбедносните институции, канцеларијата на Врховниот лидер и политичките и воените мрежи поврзани со него. Со тоа се промени и улогата на избраните институции. Според анализата на Талеби, претседателските избори постепено се претворија во натпревари во рамките на однапред одредена политичка рамка.

Претседателите со различни политички ориентации можеа да остават свој белег и да постават некои политички приоритети, но во стратешките области како што се надворешната политика, нуклеарната програма и регионалната политика, тие имаа само ограничен простор. За време на шестдневната комеморација, не се појави ниту еден од тројцата живи поранешни претседатели на Исламската Република – Хасан Рохани, Махмуд Ахмадинеџад и Мохамед Хатами, ниту бројни други водечки личности на политичкиот систем. Наместо нив, во центарот на вниманието беа претставниците на безбедносниот апарат, особено командантите на Револуционерната гарда, како и сегашниот претседател, Масуд Пезешкијан. Официјалните фотографии го покажуваат тоа. Се смета дека Пезешкијан е во добри односи со Моџтаба Хамнеи. Тој одигра клучна улога во преговорите за прекин на огнот, кои подоцна не успеаја.

Војната што почна на 28 февруари со американски и израелски напади врз Иран, заврши по речиси шест недели со кревко примирје. Во изјавата што му се припишува на Моџтаба Хамнеи, објавена од иранските државни медиуми, се наведува дека тој „во принцип“ имал поинаков став, а дал согласност да се преговара откако претседателот Пезешкијан, во својство на претседател на Врховниот совет за национална безбедност, гарантирал дека ќе „ги заштити правата на иранскиот народ и интересите на Оската на отпорот“ и ќе ја преземе одговорноста за тоа. Заедно со Пезешкијан, важна улога во преговорите со САД одигра и Мохамед Багер Галибаф, поранешен командант на Револуционерната гарда и сегашен претседател на парламентот. И во ескалацијата на конфликтот со САД, Револуционерната гарда има клучна улога. Според Моџтаба Наџафи, истражувач кој живее во Франција, војната меѓу САД, Израел и Иран дополнително ја зајакнала самодовербата на Револуционерната гарда.

– Ќе бидеме сведоци на внатрешен натпревар во рамките на Револуционерната гарда, а идната политичка насока ќе биде обликувана токму околу таа оска, рече Наџафи во интервју за „Дојче веле“. Според неговата процена, тврдото јадро на власта, во моментов, не гледа причина да им направи поголеми отстапки на поумерените политички сили. Дали тврдото јадро на моќта во Исламската Република ќе го следи Моџтаба Хамнеи и ќе ја редефинира политичката насока под негово водство, или самиот Моџтаба Хамнеи ќе стане инструмент на тие центри на моќ?

ИЗДВОЕНИ