Со планетарен евровизиски хит „,Џули“, Данијел одлично заработи и направи светска кариера

25

Денес има 70 години, но сè уште не се откажал од музиката и естрадата. Тоа е некогаш мегапопуларниот пејач Данијел Поповиќ, миленик на огромен број девојки, а кој во далечната 1983 година на евровизискиот натпревар во Минхен, претставувајќи ја Југославија (со сестрите Баруџија), го освои феноменалното високо 4. место. Данијел ја испеа песната „Џули“, која стана планетарен хит. И со кој направи светска кариера. Грамофонската плоча со таа песна се продаде во милионски тиражи што на Данијел му донесе одлична заработувачка. На југословенскиот евровизиски избор ја победи дури и непобедливата Лепа Брена, која тогаш го испеа хитот „Ситније Циле, ситније“.

Данијел е роден во мешовит брак, од мајка Белгијка и татко Црногорец. Сега живее во Загреб, а трипати се разведуваше. Неодамна гостувајќи на програмата на Хрватската ТВ, Данијел кусо раскажа за тој евровизиски фестивал, среќен што „Џули“ и понатаму се слуша и пее во препев на некои си дваесетина јазици, па дури и на јапонски. Многумина велат дека Даниел за своите години физички одлично изгледа. Има нова песна „Одлазим“, која ја пее во дует со својот сакан син Себастијан. (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ