Австралискиот сноубордер Камерон „Кам“ Болтон (35) претрпе фрактура на два вратни пршлени на Зимските олимписки игри во Италија. Болтон доживеа ужасен пад за време на тренингот во Ливињо.

На почетокот, тој не беше свесен за сериозноста на повредата, па затоа замина да се одмори. Бидејќи болката стана неподнослива, Болтон побара лекарска помош. Дијагнозата беше ужасна – тој претрпе фрактура на вратните пршлени по што беше итно префрлен во болница во Милано.

Според последните информации, тој е свесен, но повредите се од таква природа што бараат долгорочно закрепнување и апсолутен одмор. Болтон беше еден од најголемите фаворити во својата дисциплина сноуборд крос. Учествувал на три Зимски олимписки игри, но наместо на четвртите Игри, ќе мора да се грижи за своето здравје.

Кинеската сноубордерка Лиу Џијају, пак доживеа грозоморен пад на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, што веднаш предизвика голема загриженост. Откако падна, остана неподвижна на снегот, што ги исплаши сите присутни.

Џијају започна со голема самодоверба, но еден момент на невнимание беше доволен за да се сврти сè. Прво падна на рака и рамо, а потоа ја удри главата од подот.

Иако беше итно однесена во болница со хеликоптер, од кинескиот тим не дојдоа никакви информации за нејзината состојба, што дополнително ја зголемува нервозата. Падот беше толку тежок што натпреварот беше прекинат на околу 10 минути за да ѝ се помогне.

ИЗДВОЕНИ