недела, јули 5, 2026
Дома КУЛТУРА Словенечко-македонската продукција „Фантази“ на Кукла во „Лабораториум“

Словенечко-македонската продукција „Фантази“ на Кукла во „Лабораториум“

39

Во „Лабораториум“ на 21 мај, во 20:00 часот, во рамки на филмската програма на #ППЖ14 „Семејство, но поинаку“ ќе се прикаже филмот „Фантази“ (Fantasy), словенечко-македонска продукција од 2025 година, по сценарио и режија на Кукла. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ. Продукцијата е на Децембер и Круг Филм.

Приказната ги следи Михрије, Сина и Јасна кои се најдобри пријателки во своите рани дваесетти години и живеат во Словенија. Нивниот нетипичен, машкуданест начин на живот и интереси често ги доведуваат во судир со семејството и конзервативната средина што ги опкружува. Светот комплетно им се менува кога ќе ја запознаат Фантази, транс жена која ќе ги поттикне да се соочат со сопствените желби и избори.

Кукла е филмска режисерка и уметница од Словенија, препознатлива по својот автентичен визуелен стил и интересот за теми како идентитетот, родот и маргинализираните заедници. По студиите по филмска и телевизиска режија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, својата кариера ја насочува кон режија на музички спотови. Нејзиниот краток филм „Сестри“ во 2021 година ја доби главната награда на престижниот фестивал за краток филм во Клермон-Феран. „Фантази“ е нејзиниот прв долгометражен филм, кој ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Локарно и потоа освои бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Срцето на Сараево“ за најдобра актерска екипа.

ИЗДВОЕНИ