Словенците го отфрлија законот за потпомогнато умирање на референдум

28
Словенечките гласачи го отфрлија во неделата на референдум законот за потпомогнато умирање, покажаа резултатите од пребројувањето на повеќе од 97 отсто од гласовите, објави СТА.
Против гласале малку повеќе од 53 отсто од гласачите, а одивот изнесувал 40,4 проценти, според прелиминарните, но уште неофицијални податоци кои ги објави Националната изборна комисија.

 

Законот е отфрлен во повеќето изборни единици, при што само урбаните подрачја околу Љубљана, Крањ, Копар, Цеље и Нова Горица гласаче за, пренесува СТА.

Словенците гласаа на референдум за закон со кој на термално болните, ментално неспособните возрасни лица им дава право да го прекинат својот живот со медицинска помош.

Претходно беше одржано тридневно предвремено гласање за овој референдум, а галаа вкупно 35.730 гласачи, што е 2,11 отсто од запишаното избирачко тело, како што соопшти во петокто словенечката Државна изборна комисија.

Вчера беше одржано општо гласање на 2.971 редовно избирачко место, на 88 посебни избирачки места и во 29 дипломатско-конзурални претставништва во странство, а право на глас имаа речиси 1,7 милиони избирачи со право на глас.

 

ИЗДВОЕНИ