Скопје врие од дивоградби, Центар шампион со 122 бесправни згради!

82

Најмногу дивоградби имало во општина Центар – 122, по што следуваат Бутел со 108, Ѓорче Петров со 104 и Карпош со 98 пријавени случаи.  Во останатите скопски општини бројките варираат – Аеродром пријавил 95 дивоградби, Кисела Вода 72, а Чаир 47. Спротивно на тоа, општина Сарај, и покрај долгогодишните сомневања во урбанистички хаос, пријавила 0 дивоградби

 

Во периодот од 2019 до 2023 година, на територијата на Скопскиот Регион биле пријавени вкупно 740 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу дивоградби имало во општина Центар – 122, по што следуваат Бутел со 108, Ѓорче Петров со 104 и Карпош со 98 пријавени случаи.

Во останатите скопски општини бројките варираат – Аеродром пријавил 95 дивоградби, Кисела Вода 72, а Чаир 47. Спротивно на тоа, општина Сарај, и покрај долгогодишните сомневања во урбанистички хаос, пријавила 0 дивоградби.

Од вкупно 80 општини низ земјата, во истиот период биле пријавени преку 3.700 бесправно изградени објекти, најчесто огради, но сѐ почесто и цели објекти.

Сепак, овие бројки се базираат исклучиво на податоци што ги пријавуваат самите локални самоуправи, а реалната состојба на терен веројатно е многу посериозна.

Прегледот на сателитски снимки преку „Гугл мапс“ открива дека нови објекти никнуваат секоја година, често без никаква дозвола, во сите делови од Скопје и земјата.

 

ИЗДВОЕНИ