сабота, јули 18, 2026
Дома СКОПСКА Скопје се уредува до најситен детаљ

Скопје се уредува до најситен детаљ

1283

Покрај големите капитални проекти кои го менуваат ликот на градот, Град Скопје работи и на секој детаљ што, како што велат градските власти, значи поголем ред, безбедност и урбана култура.

Притоа, интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, како и замена на дотраената вертикална сигнализација низ градските сообраќајници.

– Јасната, видлива и функционална сигнализација е основа за побезбеден сообраќај, подобра организација и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека паралелно, се поставуваат и заштитни столпчиња долж булеварите, со цел да се заштити јавниот простор, да се обезбедат пешачките и велосипедските патеки и да се стави крај на паркирањето таму каде што не му е место. Воедно, се уредува и зеленилото кое е во надлежност на Град Скопје, а континуирано се чисти и коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје.

Исто така, во Зоолошката градина во Скопје се уредуваат пешачките зони, а континуирано се работи и на подобрување на пешачките и велосипедските патеки низ градот.

ИЗДВОЕНИ