вторник, март 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопје, но и други градови во државата со загаден воздух

Скопје, но и други градови во државата со загаден воздух

51

Жители на Ново Лисиче реагираат дека синоќа повторно почувствувале силна миризба на изгорено која била присутна, но во помал обем и утринава.  А и мерните станици во другите градови во државата, како што се Тетово, Прилеп и Битола 2, покажуваат црвено, односно надминување на дозволеното ниво на ПМ10 честичи во воздухот.

Така во Тетово  бројката е 153 микрограми на кубен метар, во Прилеп -128 микрограми на кубен метар,  во Лисиче – 135  мукрограми на кубен метар и во Битола 2- 127 микрограми на кубен  метар.

Што се однесува до поплаката од граѓани од Ново Лисиче за непријатна миризба на изгорено од Центарот за управување со кризи велат дека преку системот 112 нема пријава за некакво палење-пожар. Во информацијата стои за пожар во Општина Бутел каде горел трансформатор на ЕВН и Општина Сопиште во доцните попладневни и вечерни часови каде што горел отпад на диво депонирно ѓубриште…

– Други пријави и интервенции од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје нема  – информираа од ЦУК.

ИЗДВОЕНИ