Скопјанка нападнала полицаец и му се заканувала пред полициска станица

101

Педесет и двегодишна скопјанка нападнала полицаец додека тој извршувал службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил синоќа пред полициската станица Гази Баба, а жената пред нападот му се заканувала на полицаецот.

„На 10.01.2026 во 20:40 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Д.(52) од Скопје затоа што пред Полициската станица Гази Баба физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија и притоа му упатувала и закани“ соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ