вторник, јануари 20, 2026
Дома СКОПСКА Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

24

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.  Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците  вода земени од повеќе локации низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Оттаму информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.01.2026 до 16.01.2026 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ