Скандал во бугарскиот спорт: Суспендирани се 46 фудбалери и тренери поради обложување

14
Фото: википедија
Фудбалскиот сојуз на Бугарија донесе одлука за супсендирање на 45 фудаблери и тренери од прва и втора лига поради обложување на натпревари во текот на изминатата сезона.
Истрагата ја спроведе Националната полициска управа, со податоци од Националната агенција за приходи и соработка со Сојузот. Процесот траеше една година.
Дисциплинската комисзија изрече забрана за занимавање со фубал додека суспендираните играчи и тренери не платат казна од 10.000 лева (окоплу 5.100 евра).
Олеснителна околност за казнетите е тоа што не е утврдено дали се обложувале на натпревари на своите клубови.

ИЗДВОЕНИ