петок, јануари 16, 2026
Дома СВЕТ Скандал ја тресе германската војска: Заменик-командантот на НАТО разрешен од должност поради...

Скандал ја тресе германската војска: Заменик-командантот на НАТО разрешен од должност поради контроверзен коментар за силување

443

Германскиот министер за одбрана го разреши заменик-командантот на штабот на НАТО за координација на помошта за Украина во Визбаден, генерал Хартмут Ренк, бидејќи на состанок дал непримерни коментари за силување, пренесоа германските медиуми.

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, кој во вторникот беше реизбран на функцијата во новата влада на Фридрих Мерц, ги сметаше обвинувањата против висок офицер толку сериозни што веднаш го смени од функцијата заменик командант на новоформираниот штаб на НАТО за координација на помошта за Украина во Визбаден.

Како што пренесува „Шпигел“, Ренк наесен ќе се пензионира предвреме.

Според медиумите, за време на состанокот на високи офицери на НАТО, Ренк во непознат контекст изјавил: „Ако силувањето е неизбежно, опуштете се и уживајте“, по што двајца претставници на британската војска го пријавиле Ренк во дисциплинската служба.

ИЗДВОЕНИ