Појасот Газа е во катастрофална геноцидна ситуација, изјави денес шпанскиот премиер Педро Санчез, повикувајќи на суспендирање на договорот на Европската Унија со Израел.

Во разговор со новинарите пред самитот на ЕУ во Брисел, Санчез го истакна неодамнешниот извештај на дипломатската служба на ЕУ за состојбата со човековите права во палестинската енклава, велејќи дека е „повеќе од очигледно“ дека Израел ги крши своите обврски и дека ЕУ треба веднаш да го суспендира договорот за соработка.

  • Нема смисла што воведовме 18 рунди санкции врз Русија за нејзината инвазија на Украина, но дека покажувајќи двојни стандарди не сме способни да го суспендираме договорот за соработка, рече Санчез.

Во извештајот на ЕУ за состојбата со човековите права во Газа се наведува блокадата на хуманитарната помош од страна на Израел во Појасот Газа, големиот број цивилни жртви, нападите врз новинари и масовното раселување и уништување во контекст на војната.

Минатиот месец, Израел објави дека го повикал шпанскиот амбасадор на формална опомена откако Санчез го опиша Израел како „геноцидна држава“.

ИЗДВОЕНИ