Сите патни правци се проодни: Намалена видливост поради магла од Скопје до Гевгелија и на патот Струмица – Валандово

35

Маглата до 100 метри на патниот правец Струмица – Валандово ја намали видливоста. Останатите патни правци низ земјата се проодни.

Сите патни правци низ државата се проодни, сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, како што наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

ИЗДВОЕНИ