сабота, октомври 10, 2026
Дома СВЕТ Сите мини се отстранети од Ормускиот проток

Сите мини се отстранети од Ормускиот проток

87

Сите мини во меѓународните води на Ормускиот проток се отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормускиот проток.

„Ќе има политика на нулта толеранција кон поставувањето мини, која ќе се спроведува со целосна сила и ефикасност“, додаде американскиот претседател.

Иако САД и Иран веќе неколку недели не разменуваат напади, нападите врз бродови во Ормускиот проток продолжуваат додека двете земји се борат за контрола врз клучниот поморски коридор.

ИЗДВОЕНИ