Симулациско-показна вежба за справување со пожар

21

Националниот парк „Пелистер“ во соработка со Општина Битола и институциите кои се дел од системот за управување со кризи, на 06.10.2025 година ќе организираат симулациско-показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери. Вежбата ќе биде организирана на локално и на регионално ниво, на превојот Ѓавато, со почеток во 12:00 часот.

– Цели на вежбата се: справување со пожар на отворен простор, вежби на општинскиот штаб за заштита и спасување, целосна операционализација на инцидент – команд-системот, организирање и вршење евакуација на население, давање тријажа и прва помош на повредени и вежбање институционална кохезија, внатрешна и надворешна комуникација и координација помеѓу институциите. 

ИЗДВОЕНИ