четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Поранешен член на Европскиот парламент осуден за шпионажа за Кина

Поранешен член на Европскиот парламент осуден за шпионажа за Кина

50

Поранешниот помошник на пратеникот во Европскиот парламент од крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), Џијанг Гуо, денес беше осуден на четири години и девет месеци затвор за шпионажа за Кина.

Гуо, германски државјанин, е обвинет за доставување доверливи информации за преговорите и одлуките во Европскиот парламент до кинеската разузнавачка служба помеѓу септември 2019 година и април 2024 година, кога беше уапсен, објави АП.

Гуо е обвинет и за шпионажа на кинески дисиденти во Германија и собирање информации за политичарите на AfD.

ИЗДВОЕНИ