петок, јули 17, 2026
Дома БАЛКАН Силно невреме во западна Србија: Крагуевац потопен, возилата „пловат“ по улиците/ВИДЕО

Силно невреме во западна Србија: Крагуевац потопен, возилата „пловат“ по улиците/ВИДЕО

1822

Силното невреме што ја погоди западна Србија попладнето остави зад себе драматични сцени, а една од највпечатливите е забележана во Крагуевац.

На социјалните мрежи се појави видео од населбата Пивара, на кое се гледаат автомобили како пловат, небаре се чамци, низ поплавените улици.

„Моментална состојба во Пивара: Венеција во српска верзија“, се наведува во описот на видеото што кружи на социјалните мрежи.

Според најновите информации од Републичкиот хидрометеоролошки завод, до крајот на денот се очекува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и локални врнежи од дожд придружени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и северозапад.

Во некои подрачја се можни поинтензивни системи на грмотевици придружени со град, пообилни врнежи од дожд и силни налети на ветер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs)

ИЗДВОЕНИ