среда, октомври 14, 2026
Дома БАЛКАН Силно невреме на Родос: Порој однесе автомобили на плажата, еден возач е...

Силно невреме на Родос: Порој однесе автомобили на плажата, еден возач е пронајден мртов

0

Шеесет и двегодишен маж почина денес откако порој, предизвикан од силно невреме, го однесе неговиот автомобил на плажата Стегнон на грчкиот остров Родос, соопштија надлежните.

Телото на мажот е пронајдено во близина на мало крајбрежно село, на околу 30 километри од градот Родос; невремето предизвикало порој што однел вкупно четири автомобили, соопшти Крајбрежната стража, пренесува „Катимерини“.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како поројот го носи автомобилот низ каллива вода.

ИЗДВОЕНИ