петок, февруари 6, 2026
Дома БАЛКАН Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

209

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Синдирги во западната турска покраина Баликешир во неделата.

Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени.

Земјотресот бил почувствуван во Баликешир, соседните покраини, како и во Измир, а бил регистриран на длабочина од 7,72 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

На 10 август во ова подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, при што загина 81-годишен маж, додека 29 лица беа повредени.

ИЗДВОЕНИ