четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Силен земјотрес ја погоди Грција, се тресеше тлото до Албанија

Силен земјотрес ја погоди Грција, се тресеше тлото до Албанија

648

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на 149 километри од градот Лариса.

Нема пријавени повредени или материјална штета.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно и траел долго време.

Истиот бил почувствуван и во Албанија, каде што луѓето пријавија дека почувствувале мал потрес што траел 10 секунди.

ИЗДВОЕНИ