Силен земјотрес е регистриран попладнево во Грција, потресот е почувствуван и во југостичниот дел на Македонија

82

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево во 14.46 часот по македонско време е регистриран во морскиот дел на Света Гора.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7 јуни 2025 година, регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, зејмотресот е почувствуван земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2.

Земјотресот беше почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

ИЗДВОЕНИ