недела, јули 12, 2026
Дома СВЕТ Шумските пожари во Франција изгореа 17.000 хектари

Шумските пожари во Франција изгореа 17.000 хектари

13

Седумнаесет илјади хектари земја веќе се изгорени во шумските пожари во Франција, изјави денес министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Тој изјави за француската онлајн телевизија BFMTV дека кога ќе се финализираат бројките за тековните пожари, се очекува да бидат изгорени околу 25.000 хектари, што е двојно повеќе отколку во истиот период во 2025 година.

Тој рече дека во саботата биле регистрирани 250 пожари, а околу 30 од нив биле критични.

Во споредба со 2025 година, зголемувањето е 18 проценти, рече францускиот министер.

ИЗДВОЕНИ