Рускиот амбасадор во Франција, Алексеј Мешков, денес изјави дека ако НАТО собори руски авион, тоа ќе значи воен конфликт, пренесува РИА Новости.
Во разговор за француското радио RTL, Мешков рече дека ако руски авион биде соборен, реакцијата на Москва ќе биде војна.
Амбасадорот додаде дека авионите на алијансата често го нарушуваат рускиот воздушен простор, но сепак никој не ги соборува, пренесува Танјуг.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјите од НАТО треба да отворат оган врз руските авиони ако влезат во воздушниот простор на алијансата, потсетува РИА, додавајќи дека руското Министерство за одбрана постојано изјавува дека руските авиони летаат во строга согласност со меѓународните прописи што го регулираат користењето на воздушниот простор над неутралните води, без пресек на воздушните патишта или опасно блиски средби со странски авиони.