вторник, март 3, 2026
Дома СВЕТ Шпанија не ги дава своите бази за напади на Иран

Шпанија не ги дава своите бази за напади на Иран

37

Петнаесет американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според мапите објавени од веб-страницата за следење летови FlightRadar24 во понеделник.

Министерот за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази, кои заеднички ги водат САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет, да се користат за напади врз Иран, што Мадрид ги осуди.

Најмалку седум од тие авиони слетаа во воздухопловната база Рамштајн во Германија, според податоците на FlightRadar24, објави Ројтерс.

Велика Британија, исто така, првично одби да дозволи нејзините бази да се користат за напад врз Иран, но во неделата премиерот Кир Стармер одобри нивна употреба за „колективна самоодбрана“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Велика Британија предолго се  двоумела да дозволи базите да се користат и дека е разочаран од пристапот на Кир Стармер.

Ставот на Шпанија и силната осуда на американско-израелските акции во Иран, изразена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез, уште еднаш го издвојуваат како исклучок во регионот, што би можело дополнително да ги затегне односите меѓу Мадрид и Вашингтон, проценува Ројтерс.

„Шпанските бази не се користат за оваа операција и нема да се користат за ништо што не е опфатено со договорот со САД или за ништо што не е во согласност со Повелбата на Обединетите нации“, рече Албарес во изјава за шпанската телевизија Телесинко.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес изјави дека авионите, кои главно се користат за полнење гориво од воздух, вклучувајќи го и „стратотанкерот“ Боинг КЦ-135, се трајно стационирани во Шпанија.

ИЗДВОЕНИ