Ширењето на птичјиот грип во Германија создава загриженост: Повеќе од илјада угинати жерави се пронајдени во близина на Берлин

36

Бројот на случаи на птичји грип во Германија нагло се зголеми во последните две недели, изјави денес министерот за земјоделство Алојз Рајнер, предлагајќи зголемени заштитни мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

„Во моментов имаме многу жаришта, како кај дивите птици, така и на живинарските фарми“, рече Рајнер, нагласувајќи дека ова не е невообичаено за ова време од годината. Ова не е невообичаено за ова време од годината, нагласи министерот, но брзото ширење на инфекцијата во последните 14 дена покажува дека ситуацијата е сериозна и дека е важно да се преземат заеднички и координирани мерки.

Повеќе од илјада мртви жерави се пронајдени во близина на Берлин, а се верува дека причина за смртта на птиците е птичјиот грип. Министерството за земјоделство на сојузната покраина Баден-Виртемберг вчера објави дека околу 15.000 птици ќе бидат убиени на живинарска фарма во Елинген поради ширењето на вирусот.

Птичјиот грип е заразна болест која често е фатална за птиците и живината, но не е опасна за луѓето. Покрај заштитата на животните и спречувањето на штетите врз земјоделството и прехранбената индустрија, приоритет, според министерот за земјоделство, е и запирањето на вирусот.

Министерството за земјоделство во меѓувреме побара од Европската Унија да ја зголеми компензацијата за сопствениците на вредни домашни животни кои мора да бидат убиени, од 50 до 110 евра, со цел да ги поддржи земјоделците, рече министерот Рајнер. Компензацијата од фондот за болести кај животните обично се базира на пазарната вредност на животното, забележува агенцијата ДПА.

ИЗДВОЕНИ