четврток, август 27, 2026
Дома СВЕТ Шефот на руското надворешно разузнавање потврди дека остварил средба со директорот на...

Шефот на руското надворешно разузнавање потврди дека остварил средба со директорот на ЦИА – познато е за што се разговарало

0
Фото:википедија

Шефот на руското надворешно разузнавање Сергеј Наришкин потврди за ТАСС дека се сретнал со директорот на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) Џон Ратклиф за време на неговата посета на Москва на 25 август.

„Беа разгледани голем број прашања од делокругот на разузнавачките служби“, рече Наришкин, без да даде никакви детали за содржината на разговорот.

Тој додаде дека состаноците меѓу директорите на разузнавањето се стандардни методи на работа.

Кремљ во среда соопшти дека Ратклиф разговарал во Москва со своите колеги од разузнавањето и додаде дека не се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин, кој бил информиран за средбата.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Ратклиф имал „полурутинска“ посета на Москва.

„Тоа беше полурутинска посета… Би сакале војната во Украина да престане“, рече Трамп, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ