epa08072381 Phoenix Suns player Dario Saric (L) drives the ball against DeMar DeRozan (R) of the San Antonio Spurs during a regular NBA season game held at the Mexico City Arena, Mexico, 14 December 2019. EPA-EFE/Jose Mendez SHUTTERSTOCK OUT

Хрватскиот кошаркарски интернационалец, Дарио Шариќ, останува во Денвер за плата од 5,4 милиони долари. Сам ја активираше клаузулата во својот договор, според која останува играч на Нагетс, кој, пак, не сметаше на него минатата сезона. Дали ќе се промени тоа?

Агентот Миодраг Ражнатовиќ објави дека хрватскиот кошаркар одлучил да ја помине последната година од договорот како играч на Нагетс.

– Дарио Шариќ ја активираше опцијата во својот договор, според која ќе остане со Денвер нагетс следната сезона – објави српскиот агент.

Со оглед на тоа што минатата сезона постигна само 3,5 поени со 3,1 скока и настапи само на 16 натпревари, прашање е дали навистина ќе ја помине натпреварувачката 2025/2026 во Колорадо или тимот ќе го продаде на друг тим. Во текот на претходните недели, се шпекулираше дека ќе оди во Дубаи, но, очигледно, тој сè уште ја поврзува својата кариера со НБА-лигата, каде што е од 2016 година и се пресели од Ефес во Филаделфија. Тој играше и за Минесота, Финикс санс, Оклахома и за Голден стејт.

По истекувањето на договорот, сигурно е дека сè уште ќе има понуди на маса за враќање во Европа, каде што беше повикан и во Фенербахче под водство на Шарунас Јасикевичиус.

ИЗДВОЕНИ