Шпанската бодибилдерка и шампионка во фитнес, Лорена Бланко (37), почина ненадејно. Таа се струполила во својот дом, а се сомнева дека станува збор за срцев удар. Лекарите интервенирале брзо, завршила во болница, но не можеле да ѝ го спасат животот, објави „Сан“.

Инаку, Лорена се подготвуваше за натпреварување во Лас Вегас, најпрестижниот настан во женскиот бодибилдинг.

Лорена стана професионалец во 2023 година, а оваа сезона учествуваше на седум меѓународни натпревари. Најголемиот успех го постигна на „Тахо Про“ каде што го освои 4-то место, што ѝ обезбеди место на „Олимпија“.

ИЗДВОЕНИ