Северниот бран во мај донесе врнежи, заладување и снег!

20

Под влијание на силен влажeн бран од Медитеранот, цела Македонија утрово е зафатена од обилни врнежи од дожд, проследени со нагло опаѓање на температурите, информира метеорологот Славчо Попоски.

Според него, обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок, 17 мај) и ќе се задржат сè до ноќните часови. На повеќе локации се очекуваат над 20 до 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 40 литри, вклучително и во Скопје и околината.

Во исто време, од север и североисток навлегува поладен воздушен бран, кој ќе донесе температури значително пониски од просекот за овој период од мај. Поради ниските температури, на планините над 1.400 – 1.500 метри надморска височина, особено во западните и северозападните делови, ќе има врнежи од снег и формирање на снежна покривка, на места и со над 10 сантиметри.

Попоски предупредува и на можност од пораст на нивоата на реките и езерата, како и локални поплавувања. Тој апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при движење покрај водотеците и реките.

ИЗДВОЕНИ