Серија пожари избувнаа низ цела Грција, која доживува топлотен бран од почетокот на неделата, пренесува Анадолу.
Пожарот што избувна попладнето во префектурата Ласити на Источен Крит е особено сериозен, а властите издадоа наредби за евакуација на жителите во Агија Фотија, Ахлија, Галини и Ферма кон Иерапетра, објави јавниот радиодифузен сервис ЕРТ.
Десетици пожарникари, поддржани од противпожарни летала, несебично работат за да спречат ширење на пожарот во област каде што се наоѓаат хотели, се наведува. Критските медиуми објавија снимки што покажуваат дека пожарот стигнал до морето.
Друг пожар што избувна на островот Китира подоцна во текот на денот сè уште беснее, а еден во областа Вурвуру на полуостровот Халкидики е ставен под контрола.